-->
-->
На 28 септември осветување на храмот „Св. цар Константин и царица Елена“ во Скопје
-->
Македонската православна црква – Охридска архиепископија соопшти дека на 28 септември во 8.30 часот ќе се осветува црквата „Св. Константин и Елена“ што се наоѓа на улицата „Македонија“ во центарот на Скопје.
-По повод осветувањето на велелепниот храм посветен на светите цар Константин и царица Елена, со особена радост ве покануваме да земете литургиско учество во овој свечен и бележит настан, соопштија од МПЦ-ОА.
Осветувањето ќе го изврши неговото блаженство, архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со бројни архијереи од Црквата.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Затворен Факултетот за бизнис и економија: МОН утврдило низа неправилности
-
Отишле да се сместат во дом, чекале ред повеќе од 12 часа – студентите бараат дигитализација на процесот на сместување во студентските домови
-
Мицкоски: На сите им е јасно дека реформите во судството се сведуваат на зголемување на платите на судиите и обвинителите
-
Мицкоски: Растот на платите покажа дека тезата на СДСМ не држи вода
-
Корупцијата и организираниот криминал имаат силно влијание врз независното функционирање на институциите и државата
-
Водостојот на Охридското езеро продолжува да опаѓа
-
Преглед на вестите од светот
-
Партиски препукувања за реформите во правосудството согласно планот за раст