На 30 март закажано судењето за Стојанче Јовановски

На 30 март е закажан почетокот на судењето за Стојанче Јовановски, сопругот на Ивана Јовановска, која со 6-годишната ќерка падна од балкон во скопската населба Карпош.
Јовановски е обвинет за три кривични дела: телесна повреда, односно телесни повреди сторени како продолжено семејно насилство; загрозување на сигурноста и наведување на самоубиство и помагање во самоубиство.
Според обвинението, Јовановски подолг период постапувал сурово и нечовечки кон оштетената, која била во зависна и подредена положба. По стекнување на сопственост над станот каде живееле, започнал со психичко и физичко малтретирање, кое ескалирало во 2025 година.
Обвинението наведува дека тој често ја тепал и навредувал Ивана, и тоа дома и на јавни места, дури и пред нивната малолетна ќерка, заканувајќи ѝ се дека ќе ја избрка и ќе ѝ го одземе детето.
Според првичните информации, мајката и детето паднаа од балкон на зграда во Карпош. Случајот бил пријавен во полиција во 14:15 часот, а настанот се случил во зградите во близина на поранешна „Алумина“ во скопско Тафталиџе.
Ново на Сител
-

Собрание избра: Ненад Савески е нов државен обвинител
-

Поднесени 27 амандмани за законот за јавно обвинителство
-

Полицајците во контрола на Пулс, се воделе од препишан план
-

Една година затвор за насилникот што ја претепа бремената партнерка до онесвестување и ја будеше со вода за да продолжи
-

Превозот останува со иста цена, поскапеа маслото за јадење и јајцата
-

Клековски - ново проширување на позитивната листа со антикоагулантна терапија следниот период
-

СДСМ: ВМРО не руши одвнатре
-

Заврши процесот на евакуација на македонските државјани од Блискиот Исток
