На аеродром во Индија пронајдени 48 отровни змии и пет желки во куфер
Индиските власти заплениле 48 отровни змии и пет желки скриени во багажот на патник што допатувал од Тајланд на меѓународниот аеродром Чатрапати Шиваџи Махараџ во Мумбај, јави весникот „Hindustan Times“, а пренесе агенцијата Анадолија.
Патникот од Бангкок бил запрен на контрола при влез во Индија, кога безбедносните служби откриле илегална пратка со диви животни.
Меѓу нив имало три исклучително отровни змии од семејството на пајаколики поскоци и пет азиски лиснати желки.
Организацијата за заштита на дивиот свет Resqink Association for Wildlife Welfare (RAWW) ги потврди видот и ризикот на запленетите животни, нагласувајќи дека овие змии се исклучително опасни и претставуваат сериозна закана за локалниот екосистем.
Согласно индискиот Закон за заштита на дивиот свет, сите запленети животни ќе бидат вратени во земјата од која биле незаконски увезени.
Ново на Сител
-
Нови линии и нови авиони
-
По речиси еден век целосно обновен противпожарниот дом во Радовиш
-
Нови инвестиции
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ бара итна седница на Комисијата за надзор врз АНБ и Агенцијата за разузнавање
-
Реџепи не закажува седница на Комисијата за надзор врз АНБ и АР – Нема безбедносен сертификат
-
Кучињата скитници и понатаму горлив проблем за локалните власти и граѓаните
-
Преглед на вестите од светот