На Алтернатива и пречи македонската химна - ОЈО бара МВР да го идентификува лицето со знамето на голема Албанија
Обвинителството и полицијата, трет ден бараат кој го вееше знамето на голема Албанија при посетата на Курти во Тетово. Дали некој кривично ќе одговара, ќе се знае по препознавања на лицата во чии раце беше знамето кое укажува на загрозување на територијалниот интегритет на Македонија.
„СВР Тетово постапува за расчистување на настанот. Доколку биде доставена кривична пријава до Јавното обвинителство, тоа ќе постапи согласно своите надлежности“, велат од Јавното обвинителство.
Адвокатот Менкиновски кој одговара преркшочно за истакнување на знамето од Кутлеш, смета дека одговорност треба да се бара кај организаторите на настанот. Вели, само кривична санкција може да спречи веење знамиња со територијални претензии.
„Она што тие сега го прават, го загрозуваат територијалниот суверенитет и интегритет на Република Македонија и обвинителството веднаш треба да поведе постапка, да се најдат сторителите, иницијаторите и да бидат казнети кривично, да се поведе постапка како во иднина би се покажала превенција во овој случај, да нема вакви случаи. Она што ние го правиме, е слобода на изразување и не може да постои равенство помеѓу овој случај и нашите случаи. Ние имаме право да го вееме македонското знаме како прво државно знаме и културно-национално обележје на макеоднците“, вели Тони Менкиновски, Адвокат.
За Алтернатива, знамето со голема Албанија е револт бидејќи се претставени како процентуален народ. Од партијата велат, се додека химната е моноетничка, нема албанец кој ќе отпее нејзин стих.
Од ВМРО-ДПМНЕ пак со документи покажаа за преименувањето на улицата во Чаир, гласал и Ковачевски како поранешен заменик министер за финасии.
Владејачката СДСМ повика, наместо да молчи, лидерот на опозицијата да го осуди настанот во Тетово.
Веењето знаме на голема Албанија и неинтонирање на македонската химна вчера го осуди Пендаровски и побара казни за организаторите на настаните во Чаир и Тетово.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
