Македонија
14. October 2026 - 16:48

На Инфективна почина 66 годишна пациентка со западнонилска треска

66 годишна пациентка од Росоман почина на Инфективна поради компликации од вирусот на западнонилска треска.

Била хоспитализирана на клиниката пред три недели со тешка форма на болеста и други придружни хронични заболувања.

Таа е 11-та жртва со западно нилска треска годинава.

На Инфективна на болничко лекување има уште една пациетка која е на одделот за интензивно лекување со лабораториски потврдена вест најл инфекција а од 25-ти семптември нема нов хоспитализиран пациент.