На кандидатите за британски премиер потребна поддршка од 100 пратеници
– На кандидатите за премиер на Велика Британија ќе им биде потребна поддршка од 100 пратеници на Конзервативната партија за да учествуваат на гласањето во понеделник.
Високиот праг значи дека во првата фаза ќе поминат најмногу тројца кандидати. Номинациите се затвораат во понеделник во 14 часот по локално време.
Доколку се појават двајца кандидати, за нив онлајн ќе гласаат членовите на Конзервативната партија, а победникот ќе биде прогласен до следниот петок.
Доколку само еден кандидат го помине цензусот, тој ќе биде прогласен за победник во понеделник.
Првите резултати во трката за лидер на Конзервативната партија ќе бидат објавени во понеделник во 18 часот по локално време, се наведува во партиското соопштение.
Доколку е потребно да се одржи втор круг на гласање, резултатот ќе биде објавен во понеделник во 21 часот.
Пред да гласаат членовите на партијата, пратениците ќе имаат „индикативно“ гласање за двајцата кандидати, со што ќе биде јасно кој е изборот на пратеникот од Конзервативната партија.
Победникот ќе биде избран на 28 октомври.
Ново на Сител
-

Се проширува истрагата за ботоксите - уапсени двајца доктори
-

Уапсени двајца членови на Беланоца
-

Министерот за здравство во заминување очекува Законот за заштита од пушење цигари да се изгласа до август
-

Тема на денот со Методиј Хаџи Јанев, професор
-

Македонија е пред дел од Европа според БДП по жител, покажува анализа на „Ворлд Атлас“
-

Органодонорството шанса за нов живот
-

Драма на летот над Македонија
-

Ќе има ли нови изборни правила до 15 јули? Власта со нов повик до опозицијата
