На располагање сите човечки и материјални ресурси
На располагање ставени сите човечки и материјални ресурси за санирање на штетите од поплавите во охридсиот реон. Во населбата Далјан екипи до доцна во ноќта биле ангажирани за пренасочување на водата кон езерото, како и за испумпување од подрумите, дворовите и деловните простории а се интервенирало и во Орман ,Железничка ,Горно Лакочереј и на сите оние места каде имало поплави.Градоначалникот Пецаков најави обештетување на погодените од поплавите.
Охриѓани велат дека не паметат вакви поплави во домовите.
Во Кичево пак водостојот на реките се намалува но на одредени локации состојбата сеуште е критична .Огромни штети има претрпено и објектот каде се одигруваат фудбалски натпревари велат од раководството на фудбалскиот клуб Влазрими.
Во Кичево околу 120 лица од улицата Прилепска и натаму се евакуирани и сместени во спортската сала Христо Узунов .Во текот ан утрешниот ден ќе се изврши увид на оштетените објекти.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
