Националната мрежа на земјоделци бара интервентен откуп на пченицата
Националната мрежа на земјоделци бара интервентен откуп на пченицата. Производната цена на лебното зрно е 19 денари, а откупната се движи од 9 до 10 денари. Интервентната откупна цена мора да е над производната, зголемена за 25%. Претседателот на асоцијацијата, Ѓорѓи Каракашев се повикува на законските одредби со кои се уредуваат условите под кои државата врши интервентен откуп, по која методологија, динамика и цени.
- Согласно Законот за земјоделие и рурален развој, во член 40, е децидно наведено дека, доколку откупната цена е под производната, тогаш Владата мора дa интевренира и да започне со интервентен откуп на житaрица. Ако се продожи со овој тренд да имаме двојно помала откупна цена од производната, мислам дека никој повеќе нема да сади жито во Македонија, а тоа е поразувачки факт за една аграрна земја да нема основна храна, а тоа е лебот - изјави Ѓорѓи Каракашев, претседател на Национална мрежа на земјоделци.
Каракашев смета дека секој обид да се релативизира состојбата со некои скромни средства под име субвенции и со цени далеку под производните води кон уништување на индивидуалното земјоделско производство.
- За сега немаме ништо, ниту организиран откуп, немаме континуитет во откупот, значи на теренот владее општ хаос. За жал ние сме отворени за сите за увоз, а немаме извоз кон никого. Минатата година Македонија има потрошено околу 900 милиони евра за увоз на храна за населението, што значи дека ние од аграрна земја се претворивме во увозно зависна држава- додаде Каракашев
Каркашев тврди дека во моментов е стопиран и откупот на јачменот.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар