Македонија
20. August 2023 - 16:32

Над 30 штандови на 15-та Штипска пастрмајлијада - цената на специјалитетот ќе биде позната на 4 септември

На 22-ри и 23-ти септември ќе се одржи 15-тата по ред штипската Пастрмалијада. Нa истото место како и претходната година, а ќе настапат познати македонски и странски ѕвезди, кои ќе ја забавуваат публиката од градот, регионот, но и цела држава. Организатор на манифестацијата за промоција на кулинарскиот бренд на градот е општина Штип.

- Вкупниот буџет со кој што ќе ја анимираме штипската публика, но и постетителите од страна, на најдобар можен начин да ја промовираме штипската пастрмајлија е 2,5 милиони денари, средства кои што се обезбедени и од буџетот на општината и од спонзорства од општествено одговорни компании, изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

На 4 септември, на состанок со угостителите ќе се одлучува по која цена ќе се продава пастрмалијата на посетителите и колку учесници и штандови ќе бидат поставени. 

- Водејќи се по показателите од претходната година, кои укажуваат дека рејтингот и посетеноста на Пастрмалијадата се покачи на едно повисоко ниво, очекуваме да има повеќе од 30 штандови, односно, угостители кои ќе ги продаваат своите продукти – изјави Александар Арсовски, одговорен за организацијата-ЛС-Штип.

На првата вечер на Пастрамалијадата ќе настапи Саша Ковачевиќ, а на 23-ти септември, сабота, Амадеус бенд, Љубојна и хрватската пеачка Даниела Мартиновиќ. Ова е последна година Пастрамалијдата да се одржи со ваков концепт. 

- Веќе од догодина подготвуваме нов концепт, нова локација, која за граѓаните ќе биде позната од догодина, кога ќе се организираат сите детали за новиот коцепт за одржување на штипска Пастрмалијада- додаде Јорданов

За годинава е предвидено сечењето на џиновска пастрамајлија и натпревар во брзо јадење.