Надградена ИТ алатката за следење на примената на Стратегијата за реформата на администрацијата

Министерството за јавна администрација денеска ќе ги промовира можностите од унапредената ИТ алатка за следење на примената на Стратегијата за реформа на јавната администрација.
На промоцијата ќе се обратат Горан Минчев, министер за јавна администрација и Маја Ханџиска Трендафилова - директор на Регионалната школа за јавна администрација ReSPA.
- Настанот има цел да ја промовира новата ИТ алатка за унапредување на јавната администрација, да ги информира сите засегнати страни (јавни институции, приватен сектор, академска заедница и организации од граѓанското општество) за нејзината употреба, значење и придобивки, како и да ги поттикне сите учесници да се вклучат во активна соработка и имплементација, соопшти МЈА.
Според Министерството за јавна администрација, овој настан ќе ја подигне свеста за дигиталната трансформација во јавната администрација, ќе поттикне меѓусекторска соработка и ќе помогне во ефикасната имплементација и употреба на унапредената ИТ алатка за следење на процесот на реформата на јавната администрација во нашата земја.
- Целта е да се подобри квалитетот на услугите и иновациите во јавните институции, како и да се зголеми ефикасноста и транспарентноста на процесите преку дигитализација и интеграција на современи ИТ системи. Овој процес е дел од пошироките напори за реформа на јавната администрација, насочени кон модернизирање на процедурите, поедноставување на услугите, намалување на бирократијата и зголемување на отчетноста кон граѓаните. Примената на иновативни технологии е клучна за подобро управување со ресурси, побрза работа на институциите и поефикасно следење на резултатите, наведува Министерството за јавна администрација во најавата за настанот.
МИА
Ново на Сител
-

Партиски конгрес на ДУИ - Ахмети реизбран за претседател
-

Родителите на починатите во „Пулс“ бараат проширување на истрагата
-

Тема на денот со Тамара Котеска, режисерка на „Приказната за Силјан“
-

Пиротехниката не е забава, СВР Струмица и Црвениот крст апелираат за безбедни празници
-

Конгрес на ДУИ
-

Анкета на ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во убедливо водство
-

Обвинение за пратеникот Јанчев кој учествуваше во сообраќајка во која загина тинејџер
-

Во Скопје не се дише, на Детска клиника по пет регистрирани случаи на грип неделно
