Најдобрата македонска кошаркарка стави крај на кариерата

Анџелика Митрашиновиќ, капитенот на женската сениорска репрезентација на Македонија се збогува со активното играње кошарка. Со посебно посветен текст, една од најдобрите македонски кошаркарки во последната деценија, и официјално објави крај на својата играчка кариера.
– После сите овие години, дојде време да се збогуваме со професионалната кошарка. Од сонување како дете до живеење како професионалец – оваа игра го промени мојот живот на начини што не можам целосно да го опишам. Ми даваше лекции, незаборавни моменти и второ семејство. Преку пожртвуваноста, напорната работа, повредите, победите и загубите – секој чекор ме обликува тоа што сум денес. Заминувам со полно срце и бескрајна благодарност. Дресот може да се симне, но љубовта кон играта никогаш нема. Ова не е крајот – тоа е почеток на ново поглавје“ – напиша популарната „Анџа“.
Отсуството на Митрашиновиќ дефинитивно е голема загуба за македонската женска кошарка ќе ни недостасува.
Анџелика својата кариера ја почна во Изградба комерц, подоцна трансформиран во Младинец, па скопски Бадел, Челик од Зеница, неколку сезони во подгоричка Будуќност, па една во Баскет кам од Македонска Каменица, францускиот Тарбес, бугарската Монтана, до Плештанске Чајки, и швајцарскиот Фрибург, последниот клуб во нејзината богата интернационална кариера.
МИА
Ново на Сител
-

Почна второто полугодие за учениците: Кој ќе го наследи Љуљзим Алиу?
-

Д-р Трајковски: Со враќањето на децата во училиште ќе се зголемат бактериските инфекции
-

Нагло порасна синдикалната кошничка, ССМ се подготвува за протести и генерален штрајк
-

Светските лидери се среќаваат во Давос - геополитиката ја засени економијата
-

Анел Фидоски е нов шеф на скопското Обвинителсво
-

Премиерот Мицкоски на Светскиот економски форум во Давос
-

Дебата за надзорната функција на Собранието
-

Преглед на вестите од светот
