-->
-->
Најмалку 13 лица загинаа во експлозија во гасниот комплекс „Рас Лафан“ во Катар
-->

Најмалку 13 лица загинаа, а 66 се повредени во вчерашната експлозија во главниот катарски комплекс за преработка на течен природен гас „Рас Лафан“ – соопшти денеска министерот за енергетика, Саад ал-Кааби.
Министерот нагласи дека станува збор за несреќен случај, а не за напад или за саботажа, додавајќи дека веќе е покрената истрага за утврдување на причините за експлозијата.
Ал-Кааби истакна дека инцидентот не влијаеше врз капацитетите на Катар за извоз на природен гас и додаде дека нема еколошки ризици како последица од експлозијата.
Индустрискиот комплекс „Рас Лафан“ е најголемиот центар за течен природен гас во Катар и има клучна улога во енергетскиот извоз на земјата.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Најмалку 21 пожар на отворен простор
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна политика
-

Град Скопје: Водата е безбедна
-

Скопјани масовно купуваат вода од маркетите - шпекулациите за ешерихија ги празнат рафтовите
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС го допре дното
-

„Политико“: ЕУ ги менува правилата за проширување поради страв од блокада на Унијата
-

25 години Охридски рамковен договор
-

„Пулс“ незаконски бил пренаменет во дискотека, објектот бил предвиден за лесна индустрија
