Најмалку 38 лица починаа од хипотермија во Полска оваа зима

Заменик-министерот за внатрешни работи на Полска, Веслав Шчепањски, соопшти дека најмалку 38 лица починале од хипотермија во земјата оваа зима, што е двојно повеќе во споредба со истиот период минатата година.
Шчепањски додаде дека се чекаат обдукции за уште две тела, па бројот на починати од смрзнување би можел да се искачи на 40. Тој исто така истакна дека во истиот период 54 лица починале од труење со јаглерод моноксид.
Шчепањски наведе дека припадниците на итните служби, вклучувајќи околу 8.600 полицајци, пребаруваат напуштени згради и засолништа барајќи луѓе кои се обидуваат да се скријат од студот. Тој посочи дека ширум земјата се поставени специјални шатори со греење кои ќе работат 24 часа дневно за да им пружат засолниште на бездомниците.
Вчера беше најавено дека Полска ја очекува најстудената ноќ во годината и дека температурите во поголемиот дел од земјата ќе се движат меѓу 20 и 30 степени под нулата.
- Во Сувалки, температурата може да падне и до минус 29 степени, но поради ветерот субјективното чувство ќе биде како да е минус 36 или 38 степени, изјави тој.
Ново на Сител
-

Нови сведоштва за „Пулс“
-

МВР ги брои казните од Сејф сити, граѓаните велат се вози преспоро, други пак задоволни од системот
-

Девет лица и една фирма кривично ќе одговараат за проневери со ИПАРД фондовите
-

Македонски мозоци во Њујорк: Помеѓу врвната наука и контроверзните документи на Епстин
-

Мицкоски: Борбата со криминалот мора да заврши со одземање на незаконски стекнатиот имот
-

Спогодбата за минималец од 600 евра остана без потпис, Мицкоски на средба со УПОЗ во четврток
-

Родител не сакал децата да му учат со Ромчиња
-

Левица ќе поднесе два предлог закони за подобрување на работничките права
