Најмалку две лица повредени при експлозија во фабрика за пиротехника на Малта

Најмалку две лица се повредени при експлозија во фабрика за пиротехнички материјал во Малта, соопштија локалните медиуми.
Двајца мажи на возраст од 67 и 47 години биле пренесени во болница по експлозијата, што се случила изутринава околу 6:30 часот по локално време.
Според извештаите, од силината на детонацијата се треселе околните згради, а жителите пријавиле и скршени прозорци.
Очевидци наведуваат дека експлозијата се слушнала на голема оддалеченост. Двајцата повредени, жители на заливот Сент Полс Беј, во моментот на експлозијата биле во близина на фабриката.
Полицијата соопшти дека во моментот на експлозијата во објектот немало ниту еден од вработените во фабриката.
На терен се распоредени полициски и екипи на службите за цивилна заштита и итна медицинска помош, како и припадници на вооружените сили, кои го обезбедуваат местото. Упатен е повик до граѓаните да не се приближуваат до зоната.
МИА
Ново на Сител
-

Неуспешно лансирање: Ракетата „Вулкан“ откажа и уништи 40 сателити на „Амазон“
-

Мајката на претепаната Сара од Охрид тврди: „Барал нож да ја докрајчи, сакал да ја фрли во провалија“
-

Македонските фудбалери ја пречекуваат Словенија во последното коло од Лигата на нации
-

Отпорноста на лекови би можела да убие 39 милиони луѓе во следните 25 години, предупредува СЗО
-

Мицкоски во Брисел на средба со Герт Јан Копман, во фокус европската перспектива на Македонија и реформите
-

МВР со детали за нападот врз 26-годишната Сара: Насилникот доби кривична и мерки на претпазливост
-

Сашко Кедев влезе во Гинисовата книга на рекорди како највозрасен човек кој ги искачил сите 14 врвови над 8.000 метри
-

Претреси во Неготино, пронајдена дрога, приведени две лица
