Најмалку осуммина повредени во невремето што попладнево го погоди Белград
Најмалку осум лица се повредени во невремето што попладнево го погоди Белград, соопштија од Итната медицинска помош.
Силно невреме проследено со удари на ветар, дожд и град го погоди Белград околу 14 часот денеска откако претходно од Хидрометеоролошкиот завод преку СМС пораки беше испратено предупредување за граѓаните поради зголемениот ризик од силни грмотевици со дожд, локално град и силни налети на ветер. За можно невреме беа предупредени и жителите на Војводина, делови од западна и централна Србија.
Од невремето во Белград е предизвикана и материјална штета, голем број дрвја беа соборени, а некои куќи останаа без покриви.
Аеродромот „Никола Тесла“ во Белград е исто така затворен за сообраќај. Патниците беа информирани за привременото прекинување на авио-сообраќајот, а започна и пренасочувањето на дојдовните летови.
Метеоролозите претходно издадоа црвен метео-аларм.
Цела северна и западна Србија беше под удари на поројни врнежи од дожд и грмежи. Локално има град и ветрови со сила на ураган. Попладнево ураганска бура го погоди и Белград – во делови од градот ветерот дуваше над 100 км/ч.
На север и запад од Србија, исто така, имаше силно заладување, температурата во делови од Војводина се спушти на 18 степени, додека на југ и исток беше е уште жешко, со температури до 40 степени.
Ново на Сител
-
Пожарите можеби се дел од поинакво сценарио, истрагите за подметнувања се во тек, кажа Tошковски
-
Голем пожар во Крива Паланка, пронајдено починато лице
-
Голем пожар во Крива Паланка, пронајдено починато лице
-
Сиљановска-Давкова донесе одлука за ангажирање на армијата во справувањето со пожарите
-
Пожарот кај Николиќ трет ден е активен, огнот се шири со помош на силниот ветер
-
Црниот густ чад од Визбегово опасност по здравјето
-
Тема на денот со Димитар Николовски - Евротинк
-
На Прилеп му се потребни 260 литри вода во секунда, а се троши 420, потребно е штедење