Најстудено во скопско Петровец, најмногу снег на Попова Шапка

Утрово најниска темепратура од -7 степени Целзиусови е измерена во Скопје кај Петровец, соопшти УХМР. Следат Тетово, Велес, Штип, Демир Капија, Струмица и Берово со -6 степени, -5 во Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Битола и Кавадарци, -4 во Прилеп и Попова Шапка, -3 Гевгелија, -2 Крива Паланка, Виница, Mаврови Анови и -1 степен во Охрид, Претор и во Kрушево.
До 7 часот утрово највисока снежна покривка од 24 см има на Попова Шапка, 14 см во Маврови Анови, 13 во Крушево и 1 см во Тетово и во Ѓуриште.
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала облачност. Максималната температура ќе достигне до 7 степени.
МИА
Ново на Сител
-

Собранието го распиша огласот за нов државен јавен обвинител
-

11 години затвор за Фатон Љури кој го прегази Југо на пешачка патека пред неговиот дом
-

Парламентот го изгласа Законот за Судски совет
-

Продолжува чудната комуникација меѓу власта и опозицијата
-

Мицкоски - за 8 години има 6000 помалку новороденчиња или 6 км празни училници
-

Ѕид на срамот
-

Куче починало по престој во пансион – сомнежи за зараза со парвовироза, АХВ на терен
-

Преглед на вестите од светот
