Напиток од портокал, ѓумбир и морков за младешка кожа
На интернет-просторот деновиве се препорачува нов пијалак за којшто голем број жени тврдат дека благотворно влијае на кожата, спречува брчки и помага за побрзо слабеење, пишува „Крстарица“.
Напитокот се состои од следното: два излупени портокали, четири – шест моркови, три сантиметри исечен ѓумбир и малку вода. Подготовка: Сите состојки се мелат во соковник, па сѐ тоа се процедува. Ако нема вообичаена кујнска цедалка, добиената смеса може да се процеди и низ газа или чиста памучна крпа.
Сокот се пие еднаш дневно, и тоа најубаво би било пред спиење, за здравите состојки да го имаат својот најдобар ефект. За мнозина, овој сок може да биде и премногу силен, па стручњаците препорачуваат првично да се почне со три напивки неделно, па тој број постепено да се зголемува. Така, за еден месец ќе се забележи промена на изгледот на кожата и телото.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Игор Митревски, инженер за сообраќај
-

Од утре се очекува значителен пад на цената на горивата
-

Разговорите за владината реконструкција продолжуваат
-

„Кармина Бурана“ ги обедини Скопје, Софија и Солун
-

Живот на батерии до трансплантација на срце
-

Подружница „Македонски пошти“ - Прилеп доби 4 нови возила
-

Нова авиолинија Виена - Охрид
-

Реорганизација и оптимизација на образовниот процес во Штип
