Наполи убедливо поразен од Јувентус, Елмас одигра 70 минути

Фудбалерите на Јувентус со убедливи 3-0 го совладаа вечерва во Торино актуелниот шампион Наполи во дерби натпреварот од 22. коло во италијанското првенство.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас се најде во почетниот состав на Антонио Конте и остана на теренот до 70 минута.
Јувентус поведе со голот на Давид (22 минута) по асистенција на Локатели, а потоа Јилдиз (77) го зголеми резултатот на 2-0, откако беше одлично проигран од Мирети.
Печат на победата на тимот од Торино стави Костиќ (86) со прецизен удар од повеќе од 20 метри.
Јувентус со победата се искачи на четвртото место на табелата со 42 бода, исто колку и петтопласираната Рома, која вечерва ќе игра против Милан, додека Наполи е третопласиран со бод повеќе.
Интер е на врвот со 52 бода, шест повеќе и натпревар повеќе од второпласираниот Милан.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Васил Стерјовски, претседател на МАЕИ
-

Преглед на вестите од светот
-

Жената од Топлица закрепнува, сопругот во притвор под психијатриска терапија
-

Сквернавено македонското знаме на прославата за Денот на албанското знаме
-

Снегот предизвика проблеми на патиштата и прекин во снабдувањето со електрична енергија
-

Конгрес на ЛДП за избор на лидер
-

Кочанската болница ги враќа породувањата и операциите
-

Нема спас од рибокрадците
