НАСА го одбира теренското возило за Месечината

НАСА објави дека е во потрага по план, концепт и конструктор за теренско возило што ќе биде испратено на Месечината.
„Вселенската агенција е во потрага по концепт за роботски движечки систем преку кој може да се превезуваат инструменти на Месечината, во полза на научните истражувања на нејзината територија, вклучително и области надвор од пристапот на човекот, како што е Северниот Пол (на Месечината)“, се вели во објавата.
Рокот за пријава на конкурсот е 6 март, а неколку дена подоцна ќе биде објавено кој конструктор го има најповолниот предлог за автомобил.
– Бараме понуди од автомобилската индустрија, за теренски возила, за електромобили, но и вселенската индустрија не е исклучена. Бараме ровер за на Месечината, што ќе биде електричен, самоуправувачки и отпорен на екстремно опкружување, нагласи Маршал Смит, раководител на програмата за претстојната мисија на Месечината која ќе вклучува човечки екипаж.
Поусовршената подвижност на Месечината е дел од програмата Артемис, чие реализирање е предвидено за 2040-тите.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Златко Кузманов, експерт за безбедносни политики
-

Скопска парада 2026
-

Мицкоски денеска на средба со ЗНАМ, реконструкцијата готва до 1 јули
-

Уметници од Mакедонија, Бугарија и Грција вечерва во изведба на “Кармина Бурана” во Скопје
-

Мицкоски најави нова средба со маркетите за пониски цени на храната
-

Прилеп доби 8.320 канти и 126 контејнери за селекција на отпад како и 3 нови возила за собирање на отпад
-

Импортиран случај на зика во земјата, заболениот Македонец бил на Малдиви
-

Во Преспа се одржа трката „Prespa run and fun“, спортски настан чија цел е промоција на овој крај
