НАСА лансираше пробен систем за менување на насоката на астероиди
Како дел од тестирањето на планетарниот одбранбен систем, НАСА успешно лансираше вселенски брод чија задача е да удри во астероид и да го пренасочи од траекторијата што потенцијално може да доведе до судир со Земјата.
Вселенскиот брод „ДАРТ“ беше лансиран на ракетата „Фалкон 9“ од базата „Ванденберг“ во 22.21 часот по локално време од американскиот брег на Пацификот, 240 километри северозападно од Лос Анџелес.
Бродот со големина на мал автомобил се откачи од ракетата неколку минути подоцна и започна патување во длабоката вселена кое ќе трае десет месеци, на растојание од околу 6,8 милиони километри од Земјата.
Откако ќе се најде на избраната локација, „ДАРТ“ ќе се обиде да ја промени траекторијата на еден астероид со чиста кинетичка сила. Ќе удри во астероидот со голема брзина со цел да ја промени неговата траекторија доволно за да избегне судар со нашата планета.
Десет дена пред ударот, од бродот ќе бидат откачени мини-камери за да го снимаат сударот и да емитуваат слики назад на Земјата.
Избраниот астероид не претставува вистинска закана за Земјата и е мал по големина во споредба со катаклизмичното небесно тело од овој вид што ја погоди нашата планета пред околу 66 милиони години, кога изумреа диносаурусите.
Научниците велат дека помалите астероиди се многу почести и дека теоретски, тие претставуваат многу поголема опасност на краток рок.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Владимир Божиновски, универзитетски професор
-

Трамп најави крај на војната со Иран, берзите растат, цената на нафтата паѓа
-

Детонации и пожар од кабли предизвикаа паника во Кисела Вода
-

Уставните измени и изборите отворија нов фронт меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
-

„Градски воз“ во Скопје од 1 септември
-

Повторно протест на 50-тина лица со договор на дело на Клиника за детски болести
-

Потпишан меморандум за соработка меѓу француската амбасада и министерството за култура
-

„Страв и надеж“ на МНТ победник на 60-то јубилејно издание на МТФ „Војдан Чернодрински“
