НАСА откажа мисија на Месечината
Американската Национална воздухоплловно-вселенска администрација - НАСА вчера соопшти дека сепак нема да го испрати својот ровер „ВИПЕР“ на Месечината. Одлуката за преиспитувањето и откажувањето на проектот е донесена поради преголеми трошоци, можни идни зголемувања на трошоците и одложувањата на датумот на лансирање.
Проектот, наречен „Испарлив испитувачки поларен ровер за истражување“ (Volatiles Investigating Polar Exploration Rover - ВИПЕР), „ќе биде прекинат по сеопфатен внатрешен преглед“, соопшти НАСА. Месечевиот ровер ќе биде демонтиран и деловите ќе се користат за други намени.
- Нашите идни патишта максимално ќе ја искористат технологијата и работата вклучени во 'ВИПЕР', притоа зачувувајќи ги критичните средства за поддршка на нашето робусно месечево портфолио, изјави управителот на НАСА, Никола Фокс.
Според државната агенција, роверот првично требаше да биде лансиран кон крајот на 2023 година, па лансирањето мораше да се одложи за оваа година, па за во септември 2025 година... Лансирањето беше планирано да се изврши со помош на приватната вселенска компанија „Астроботик“.
„ВИПЕР“ беше предвиден за на Јужниот пол на Месечината, со цел да собира примероци од почвата на нашиот природен сателит за испитувања.
Ново на Сител
-

Едносменската настава приоритет за МОН
-

Активностите за изградба на регионална депонија течат според планот
-

Струмица се подготвува за литија со иконата на Богородица Брзопослусничка
-

Преглед на вестите од светот
-

Имаат ли властите стратегија за овогодинешните пожари на депониите?
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-

Кризната состојба за нафтата ќе трае до 20 јули
-

Европа може да се соочи со недостиг на керозин: Колкави резерви има Македонија?
