НАСА: Поправките на лансирната рампа на проектот „Блу Ориџин“ ќе потраат

Поправките на лансирната рампа во вселенскиот комплекс Кејп Канаверал што беше оштетена минатата седмица при експлозија на ракетата „Њу Глен“ ќе потраат, а не е исклучено работите да се пролонгираат и до 2028 година, изјави директорот на НАСА, Џеред Исакман.
Моќната двостепена ракета „Њу Глен“ експлодираше при статички тест на погонските мотори на лансирната рампа.
Според извори од индустријата, лансирната рампа во експлозијата била речиси целосно уништена, а првичните проценки предвидуваа најмалку шест месеци за поправка.
Ракетната проба е дел од проектот на приватната вселенска компанија „Блу Ориџин“ на милијардерот Џеф Безос, како обид да се конкурира на програмата „Спејс Икс“ на Елон Маск во областа на комерцијални лансирања во орбитата.
Во несреќата нема повредени лица, а ниту еден од планираните сателити не бил поставен на ракетата-носач во моментот на инцидентот. Ракетата „Њу Глен“ треба да има клучна улога во идните мисии во рамки на програмата „Артемис“.
МИА
Ново на Сител
-

Уапсена директорката на Комуналец во Гостивар, резултати од анализите не се соопштуваат
-

Повеќе од 3000 граѓани со стомачни тегоби во Гостивар побарале лекарска помош
-

Политички реакции за епидемијата на заразна болест во Гостивар
-

Пад на трошоците за живот во јули: Синдикалната минимална кошничка намалена за 156 денари
-

Новите амбасадори во Лондон, Хаг и Камбера добија зелено светло од Собранието
-

ДКСК одлучуваше по 66 предмети
-

Преглед на вестите од светот
-

Денеска резултати од тестирањето на водата во Гостивар
