НАСА: Срушен е рекордот - човек отпатува најдалеку од Земјата досега

Екипажот на „Артемис II“ го сруши рекордот за најдалечното човечко патување од Земјата, надминувајќи го претходниот рекорд поставен од мисијата Аполо 13.
НАСА вели дека „Аполо 13“ достигнал растојание од 400,171 километри од Земјата во 1970 година.
Тие додаваат дека „Артемис II“ ќе достигне максимално растојание од околу 406,700 километри, надминувајќи го рекордот за околу 6,600 километри.
Зборувајќи за рекордниот подвиг на мисијата Аполо 13, еден од астронаутите на Артемис II рече: „Ова го правиме во чест на извонредните напори и достигнувања на нашите претходници во истражувањето на вселената“.
Тој додаде дека екипажот ќе продолжи да патува уште подалеку во вселената пред гравитацијата на Земјата повторно да ги повлече назад.
„Апелирам до оваа генерација и до следната да се погрижат овој рекорд да не трае долго“, рече тој.
МИА
Ново на Сител
-

Владата со пакет мерки спречува раст на цената на горивата
-

Стратешки дијалог во Вашингтон
-

Јотова подготвува офанзива во Брисел против укинувањето на ветото во ЕУ
-

Одбележување на Велигден во Католичката црква и низ светот
-

На 1 септември стартува првата линија “Градски воз” од Зелениково до Транспортен центар
-

Компанија во Прилеп добивала тендери од поставување видео надзор
-

Аутизмот без систем, родителите оставени сами
-

Преглед на вестите од светот
