Научници: Комарците не пренесуваат коронавирус

Комарците не го пренесуваат коронавирусот, уверуваат повеќе научни и здравствени центри во светот.
Лоренс Стенбери, директор на Институтот за глобално здравје при Колеџот Вагелос во Њујорк, изјави дека при истражување, нивните научници се обиделе да заразат комарци со коронавирус, но не успеале.
– Комарците имаат некои вируси кај нив. Но, апсолутно, нема докази дека можат да се заразат со новиот коронавирус или, пак, дека можат да го пренесат, нагласува Стенбери.
И според Светската здравствена организација (СЗО), нема податоци или докази дека коронавирусот се пренесува преку комарец.
Д-р Амеш Адаља од Центарот за здравје „Џон Хопкинс“ во Балтимор, исто така, истакнува дека комарците не можат да го пренесат коронавирусот.
– Но, треба да се има предвид дека тие можат да пренесат некои други заразни болести. Меѓу нив се западнонилската треска, енцефалитис, вирусот зика и денга-вирусот, додаде Адаља.
Затоа, според неа, е важно просторот во кој живеат луѓето, да не биде подложен за размножување на комарци.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Зоран Јовановски, економист
-

Перпарим Бајрами се предаде на полицијата по речиси две години бегство
-

Истражување - Македонските ученици се полуписмени
-

Мицкоски: Сите настани за независноста ги чинеа граѓаните нула денари
-

Мицкоски и СДСМ во нова политичка препирка по пораката за „талогот“
-

Нафтата надмина 100 долари за барел - премиерот најави мерки, ако поскапувањето на горивата продолжи
-

Пола милијарда долари во зелена енергија
-

Михаил спаси семејство од давење
