Македонија
1. November 2026 - 12:52

Навивачи на „Фемили“ нападнале група навивачи на „Работнички“, тешко повреден малолетник

Осумнаесетгодишник од Скопје бил приведен поради учество во тепачка меѓу навивачи пред спортскиот центар „Јане Сандански“, за време на кошаркарскиот натпревар меѓу екипите на КК „Скопје 2023“ и КК „Работнички“.

Според информациите од полицијата, приведениот, кој бил член на навивачката група „Фемили Аеродром“, повикувал и поттикнувал на тепачка, во која учествувале околу 30 навивачи на „Фемили“. Тие физички нападнале група од околу 50 навивачи на „Работнички“, кои чекале да влезат на натпреварот.

Во тепачката тешко бил повреден 16-годишник од Скопје, кој бил пренесен во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.

Од СВР Скопје информираат дека преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.