НБА: Мајкл Џордан стручен коментатор на Ен-Би-Си

Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња и шесткратен НБА шампион со Чикаго Булс, Мајкл Џордан, од следната сезона ќе биде стручен коментатор на американската телевизија Ен – Би-Си (NBC).
Телевизијата ги презеде медиумските права претходно оваа година, заменувајќи ја мрежата Ти-Ен-Ти (TNT), и на тој начин по 23 години повторно ги емитува натпреварите во НБА лигата.
Џордан, кој настапуваше во НБА како играч на Чикаго Булс и Вашингтон Визардс) и е косопственик на Шарлот Хорнетс прв пат ќе се обиде во улогата на стручен коментатор.
„Емитувањето на НБА натпреварите на Ен-Би-Си беше важен дел од мојата кариера, па затоа со нетрпение ја очекувам посебната улога што ќе ја играм во овој проект“, рече 62-годишниот Џордан.
Ен-Би-Си ги купи правата за емитување за следните 11 години, а ги пренесуваше натпреварите и о текот на 1990-те, кога Џордан беше на врвот на својата кариера и освои три последователни шампионски титули во НБА со Чикаго Булс во два наврати.
Ново на Сител
-

Нов кум и здравичар за Бадник
-

Објавен тендерот за градење на Регионален центар за управување со отпад во Свети Николе, планирани се вкупно пет
-

Преглед на вестите од светот
-

СДСМ: Доаѓаат мигранти
-

Се зајакнува соработката меѓу САД и Македонија
-

Бојкот во Управата за матични книги
-

Реевалуација за повредените во „Пулс“
-

Охрид има капацитет за привлекување туристи во текот на целата година
