Не треба да се очекува поголемо поевтинување на храната
Граѓаните да не чекааат поголемо поевтинување на прехранбените производи. Домашните производители нема да ги намалат цените. Ако високите трошоци за струја им беа главниот адут за поскапувањатата, сега велат – електричната енерегијата е само дел од влезните трошоци. Суровините се многу скапи.
Суровините се поскапени за 50%, платите на вработените. Моравме да ги згоолемиме. Ако сакате да ги задржите мора да ги качите платите. Лани беа 25,000 в опросек, сега 36.000 денари, изјави Слободан Кутревски, сопственик на Пекабеско. Цената на производите не ја сочинува само цената на струјата. Се што работиме, е на база на увоз, само работната сила е домашна. Месото од скоро е за 40 до 50 отсто поскапо, репроматеријалите,… Ако се создаде простор, сигурно ќе ги намалиме цените.Тука се и нафтата, суровините, репроматеријалите, платите за вработените. Што да правиме ние?, изјави Слободан Кутревски, сопстевник на Пекабеско.
Месната индустрија бараше и укинување на увозните давачки за суровините, за да има поголем пад на цените во оваа индустрија. Но, добиле одговорот од премиерот дека сега не е време да им се излезе во пресрет. Ковачевски пак, задоволен, минатиот месец имало пад на цените на сувомеснатаите производи.
Преку владината поддршка , сувемеснаттите производи минатиот месец се намалени за 8%. , изјави Димитар Ковачевски, премиер.
Мнистерот за економија се надева дека примерот од месната индиуструја ќе го следат и останатите гранки, кои добија пониска цена на струјата.
Инаку статистиката деновиве објави дека за една година најголем пораст на цените имало кај прехранбените проиzводи. Лебот поскапе скоро двојно,млекото, сирењето и јајцата над 30%, месото - 28 отсто. За да се намали ударот врз стандардот кај граѓаните, владата ја продолжи мераката замрзнати маржи, и ја субвенционира цена на струја. Но, зa возврат очекува намалување на цените до 13%.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
