-->
-->
Не застанал на полициски знак, удрил во службено возило, па нападнал полицајци во Липково
-->

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 27-годишниот Е.С. од селото Арачиново, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
Според информациите од полицијата, инцидентот се случил на 29 септември 2026 година во селото Отља, во Општина Липково. Пријавениот не застанал на дадениот знак од полициските службеници, туку со товарното возило удрил во службено возило на Министерството за внатрешни работи.
По судирот, тој физички нападнал и полициски службеници кои во тој момент извршувале службени дејствија.
За случајот е поднесена кривична пријава против 27-годишникот, а делото за кое се товари е напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Брисел денеска ќе го оцени напредокот на Македонија на патот кон Европската Унија
-

Филипче го повика гувернерот Славески да си поднесе оставка
-

Со Национална стратегија за безбедност во сообраќајот до помалку жртви
-

Индустријата губи работници, причините се различни
-

Преглед на вестите од светот
-

Сиљановска Давкова: Решение може да се најде за рационални прашања
-

Германски „Гересхајмер“ со нови дополнителни инвестиции во Македонија
-

Самит за проширување во Брисел: Сиљановска бара потег од ЕУ и рамноправен дијалог
