Недостасува стручен кадар, платите на дефицитираните занимања надминаа 40 000 денари
Недостасува работна сила, а таа што ја има е без потребните квалификации. Со овај проблем не се соочува само нашата земја, туку и Унијата, кон која се стремиме. Дури 77% од европските земји се изјасниле дека не можат да најдат соодветен кадар. Но таму,. за разлика од кај нас, луѓето се дообучуваат. 37% од возрасните во Унијата посетиле обуки за стекнување нови вештини. Кај нас бројката е 2,5 отсто. Само 15% од вработените се доквалификувале за да можат да ракуваат со некоја посложена машина.
Еден месар на пример зема плата од 30,000, 40,000 денари, а во администрацијата платите се од 25,000 до 28.000 денари. Тие лица вработени во државната администрација не сакаат да научат други вештини, да сменат работа за повисока плата, Едноставно им е лагадно на тоа работно место, изјави Наташа Јаневска, Стопанска Комора.
За десетина години дел од професиите ќе изумрат. Светот се дигитализира, се бараат нови вештини , на кои постоечкиот кадар нема да може да одговори, велат од Комората.
Една од нив, која веќе не се прифаќа на пазарот на труд, е столарскиот занает. Тоа е така зашто пристапот за изработка на мебел е модифициран, а процесите се автоматизирани, па наместо столар се бара сосема нова квалификација - конфекционер или дизајнер на мебел, кој знае да работи со соодветни машини. Изумира и струката гипсер зашто не може да најде работа. Според потребите на пазарот, лицето треба да е гипсер - монтер, со две занимања, рече Наташа Јаневска од Стопанската комора.
Дефицитарни кадри секаде во светот се градежници, здравствени работници. програмери. Германија денеска објави дека речиси половина од работните места за квалификувани работници, односно 45% останале празни лани, што е најголема потреба од кадар во последните 10 години. Од Комората уверуваат дека не се само платитите проблем, за голем дел од работниците да ја напуштат државата, туку и менталитетот дека ќе мора да се дообучуваат за потребите за новото дигитално време кое доаѓа, без разлика каде и да работат.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
