Нема договор, но има оптимизам за договор за платите во јавниот сектор
Ставовите доближани, договор нема. Платите на административците ќе се зголемат во септември, за колку - се уште се дискутира.
Од Синдикатот задоволни по средбата со министерот за финансии- прогрес има – процентите за покачување се движат од 10,9 до 14,2 отсто, колку што беше инфлацијата лани.
- Се доближуваме до тоа што ние го зборуваме, 14,2 проценти, 12,55 проценти и 10,9 проценти како основа врз која ќе растат платите на вработените во јавниот сектор. Останува да видиме дали кој параметар ќе биде земен во начинот на пресметката на платите и сите вработени во јавниот сектор од септември да добијат исто зголемување во процент на нивните плати, рече Трендафилов.
Трендафилов уште еднаш побара од министрите, но и сите избрани и именувани фукнционери, да бидат солидарни и да се откажат од покачувањето од 78%, кое го добија по одлуката на Уствниот суд.
- Избраните и именуваните функционери, остануваме на ставот, дека треба да покажат добра волја во процесот на преговори со нас за зголемување на платите, да покажат доблест и тоа што го добија како процент за зголемување на платите со одлуката на Уставен, да го добијат во март 2025 година кога и ние, како вработени, ќе добиеме зголемување просечна плата по коефициент на сложеност, рече Трендафилов.
Можно решение за нов колективен договор најавија за понеделник или вторник. До тогаш, новиот претседател на Синдикатот ја повика министерката за труд да стави потпис на решението за негов избор, затоа што вели дека бил избран на легален и легитимен начин.
- Тренчевска да не треба да се меша во внатрешните работи на ССМ, а ако сака да стане член на Синдикотот – добредојдена е , вели Трендафилов.
Ако не го одблокира впишувањето во Централниит Регистар, ќе побараат нејзина оставка.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
