Нема доволно пари за планираниот водовод од ТАВ програмата
Нема доволно пари за изградба на водоводната линија 2, обврска која ја презеде ТАВ, откaко се откажа изградбата на карго аеродромот во близина на Штип. Рокот за изградба е до крајот на годината, но и се да се направи, проектот нема да профункциинира, бидејќи главната линија нема да биде целосна.
- Од првично предвидените 3,5 км цевковод, планирано е да вгради само 2,4 км, односно 950 метри цевковод недеостасуваат за да самиот проект има употребна вредност. Дополнително од проектот е изоставен главниот резервоар „Мери“, којшто практично треба да служи за водоснабдување, Иван Јорданов, градоначалник на Штип.
Од главниот надзор се надеваат дека инвеститорот, односно, Владата и ТАВ. како финансиер, ќе им излезат во пресрет и ќе обезбедат дополнителни средства.
- Ваков проект, како проект е мртов проект. Мислам дека ќе се излезе во пресрет за да се задоволат барањата на луѓѓето во овој дел на градот и сепак Штип како град заслужув ова да го има, зашто и аеродромот требаше тука да биде. Ако требаше некаде да се даваат пари, требаше овде да се даваат-изјави Љубомир Терзиоски, главен надзорен инженер.
Од вкупно 35 милиони евра колку што требаше да чини карго аеродромот, на општина Штип и припаднаа само 1,2 милиони евра, кои поради инфлацијата сега не се доволни за заокружување на проектот. Со изградба на водоводна линија 2, се решава проблемот со водоснабдувањето во приградските населби и новата индустриска зона „Плуждино“.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар