Нема листа на метар, малку независни
Ако до полноќ не се случи некое чудо, гласачки ливчиња на метро на овие избори нема да има. На 12 часа пред крајот на рокот кој истекува ноќеска 32 кандидати во 19 различни општини почнале постапка за собирање на потписи. Имајќи предвид дека им требаат само два, нивното учество на изборите е речи си сигурно. Најмногу независни кандидатури, шест, има во Прилеп. Пет се во Демир Хисар а по две во Македонска Каменица, Новаци и Битола. Во останатите општини меѓу кои и градот Скопје има по само една кандидатура.
Слична е ситуацијата и со советничките листи. Според последните информации кои ги сподели ДИК во 15 општини процедурата ја почнале вкупно 17 независни советнички листи. По две има во Прилеп и Битола а во останатите општини по една. Во Град Скопје до денеска на пладне немаше постапка за независни советнички листи.
Партиските кандидатури, согласно роковникот на ДИК може да се поднесуваат најдоцна до 13 септември. Два дена порано, на 11 септември завршува увидот во избирачкиот список.
Кампањата стартува на 29 септември, 20 дена пред првиот круг закажан за 19 октомври.
Ново на Сител
-
Кој следел новинари и политичари?
-
Мицкоски чека да го види документот
-
Тема на денот со Виктор Јакимов, претседател на Сојуз на средношколци
-
ФФМ со рекордна донација за младите
-
Почна новата учебна година - 245 илјади ученици седнаа во училишните клупи
-
АНБ скандал: Обвинителството без конкретни детали
-
Филипче ќе ги нацрта „црвените линии“ до крајот на неделава
-
Поранешниот директор на Геријатрија не се чувствува виновен за примањето 20.000 евра поткуп