Нема нови мерки за ковид - расте бројот на болни но болниците се празни
Нема враќање на Ковид мерките. Македонија уште е во зелена зона. Членовите на Комисијата за заразни болести на денешниот состанок заклучиле дека иако има зголемен број новозаразени, во болниците во целата држава има мал број 25 хоспитализирани поради компликации од вирусот. Поради ова не препорачаа да се вратат маските во затворените простории, туку оваа обврска останува само за во болниците, аптеките, јавниот превоз и старските домови.
- Нема зголемување на хоспитализирани лица и лица со тешка форма на болеста во минтензивните одделенија и не е зголемена бројката на починати лица, се уште сме во зелена зона. Поради тоа Комисијата не препорача дополнителни рестриктивни мерки, изјави д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести.
По реакцијата на пациенти и матични лекари, како што веќе објави Сител дека нема термини за Ковид тестови на државно, Комисијата за заразни болести препорача двојно, а онаму каде има потреба и повеќе да се зголеми бројот на тестирања на дневна основа.
- Ќе ја следиме состојбата и ќе видиме дали има потреба и од дополнителен број тестирања, рече д-р Мехмедовиќ.
Токму поради притисокот во ординациите на матичните лекари од страна на Ковид пациенти, Комисијата за заразни болести најавува реорганизација на примарното здравство во однос на дијагностиката, тестирањето и третирањето, а деталите ги најавија за понеделник за кога е закажан и нов состанок на Комисијата.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
