-->
-->
Нема веќе непоразени сезонава во НБА, Бостон му го нанесе првиот пораз на Кливленд
-->

Заврши победничката серија на Кливленд Кавалирс и со тоа нема веќе непоразени екипи оваа сезона во најсилната кошаркарска лига на светот – НБА.
Актуелниот шампион Бостон Селтикс ноќеска го победи Кливленд со 120:117. Ова е прв пораз за Кавалирс по 15 последователни победи од почетокот на сезоната.
Најзаслужен за победата на домаќините е Џејсон Тејтум кој постигна дабл-дабл со 33 поени и 12 скока.
Во поразениот тим се истакна Донован Мичел со 35 поени.
Кливленд е на првото место во Источната Конференција со скор 15-1. Бостон е втор со 12 победи и три порази.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Одобренија за нови 1030 станови, половина во Скопје
-

Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

Прв конгрес на Српската демократска лига
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од кумановско
-

Владата пресмета колку пари месечно му требаат на четиричлено семејство
-

2,1 милион евра за изведувачите за прославата за независноста - индивидуалните хонорари тајна
-

Бугарија е против квалификувано мнозинство во ЕУ
