Нетанјаху: Целта на Израел не е да ја окупира Газа, туку да ја ослободи од Хамас
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека целта на земјата е да го ослободи Појасот Газа, а не да го окупира, и дека најдобриот начин да се стави крај на војната е разоружување на милитантната исламистичка група Хамас.
„Хамас се уште има илјадници вооружени терористи во Газа, кои крадат храна и пукаат во цивили. Ниту една нација не може да ја одобри работата на геноцидна терористичка организација“, изјави Нетанјаху.
Тој додаде дека војната во Појасот Газа, која трае од октомври 2023 година, би можела да заврши утре ако Хамас се разоружа и ги ослободи сите преостанати заложници.
Нетанјаху наведе пет принципи за завршување на војната, кои вклучуваат предавање, односно разоружување на Хамас, ослободување на сите израелски заложници, безбедносни контроли, демилитаризација на Појасот Газа и воспоставување неизраелска, мирна цивилна администрација.
Според него, цивилната администрација ќе функционира како преодна влада и дека веќе има неколку кандидати за неа, кои не ги именуваше.
„Со оглед на тоа што Хамас не сака да се разоружа, Израел нема друг избор освен да ја заврши работата за негово покорување“, рече Нетанјаху, додавајќи дека Ерусалим моментално контролира 75 проценти од територијата на Појасот Газа.
Тој додаде дека кабинетот за безбедност и наредил на израелската армија да ги уништи две преостанати упоришта на Хамас, во градот Газа и камповите во централниот дел на Појасот.
„Тоа е најдобриот начин да се заврши војната“, рече тој.
МИА
Ново на Сител
-
СДСМ пак предлага минималец од 500 евра, ВМРО-ДПМНЕ чека договор меѓу синдикатите и работодавачите
-
Петрушевски: Каде се СДС сега да го нападнат главниот обвинител Коцевски или да прашаат за некоја истрага?
-
И годинава атракција пловењето по Охридското Езеро
-
Македонија единствена држава на Балканот која нема своја историска база на податоци
-
Преглед на вестите од светот
-
Новите 352 пожарникари потпишаа договори
-
Тема на денот со Петар Богојески, Македонски концепт
-
Битката за Чаир клучна на локалните избори