Николоски: Изградбата на автопатот Прилеп - Битола e со одлична динамика, првите километри следната година

Изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива со одлична динамика и првите километри се очекува да бидат пуштени следната година, информира денеска потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.
-Во текот на летово имаме добри бројки и добра динамика. Вчера имавме работен состанок и очекувам веќе следната година да има доста добри вести - изјави Николоски, кој со премиерот Христијан Мицкоски е во посета на општина Прилеп.
Николоски посочи дека крајниот рок за изградба на автопатот останува ист, крајот на 2029 година, но оти првите километри целосно завршен автопат - во две насоки три плус три ленти со изградени помошни патишта ги очекува веќе следната година.
Автопатот Прилеп-Битола во должина од 40 километри е дел од пакетот автопатски делници на коридорите 8 и 10д што ги гради конзорциумот „Бехтел“ и „Енка“.
Вицепремиерот Николоски ја потенцираше поддршката за општина Прилеп од страна на Владата, наведувајќи дека преку програми од Министерството за транспорт се инвестираат 9,5 милиони евра.
-Преку првиот повик се одвоени три милиони евра, во вториот 4,5 милиони, имаме и програма со Светска банка од 350 000 евра. Не ги забораваме и оние на кои им е најпотребна поддршката - социјално загрозените, 1,5 милиони евра се инвестираат за изградба на зграда со социјални станови преку АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката, која до крај на годината треба да биде завршена и до пролет и становите да бидат поделени. Ќе работиме со градоначалникот и на нови проекти - изјави Николоски.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Фон дер Лајен во Скопје со совет за деблокада на процесот со Бугарија
-

СДСМ смета дека се потврдиле стравувањата
-

Судот му одреди 30 дневен притвор на Дејан Јованов за новата истрага за поткуп
-

Директор во Лотарија обвинителството го прогласи за непријателски сведок
-

Јанев: Падна митот за недопирливите во Прилеп, нема повеќе криење позади униформата и врските
-

Се бара оставка од Филипче - Платформата 12.05 го достави, СДСМ јавно го објави и го одби планот за промени
-

ВМРО-ДПМНЕ бара обвинителството да ја истражи Славјанка Петровска
