Николовски: Поднесени пријави за уште осум лица за кривичните дела со употребувани возила

Уште осум лица, од кои тројца цариници се осомничени за вршење кривични дела со употребувани возила. До Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција веќе се поднесени кривичните пријави. Вкупно досега се опфатени 32 лица, од кои 11 се цариници. Тие се сомничат за царинска измама, прикривање стока од сторено кривично дело царинска измама, фалсификување и злоупотреба на службена должност и овластување.
За осум царински службеници веќе има решенија за отказ. Ова го истакна директорот на царинска управа, Бобан Николовски.
- Не амнестираме никој, разгледуваме што се случувало, но одиме напред и спроведуваме реформи со цел остварување подобри резултати. Буџетот беше празен и ние моравме да дадеме брзи резултати. Одиме добро и во континуитет остваруваме добри резултати, потенцира директорот.
Николовски посочи и дека во јули е остварена историски највисока наплата на приходи во еден месец. Во втората половина од 2024 година наплатени се 65,2 милијарди денари или 4 милијарди денари повеќе во однос на истиот период во 2023 година.
Како резултат на зајакнати контроли во втората половина од 2024 година бројот на откриени неправилности е зголемен за 87,3 проценти, а во стоковиот за 20,3 проценти. Во 2024 година има 410 случаи на заплени од кои 305 само во втората половина. Николовски ги истакна и резултатите на Одделението за оперативни работи со компарација на годишно ниво. Ако во 2021 година мобилните тимови оствариле 52 заплени, во 2022 година 86, во 2023 година 110, во 2024 година остварени се 193 заплени, што најмногу се должи на зајакнатите контроли во втората половина од годината.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Методи Хаџи-Јанев, воен аналитичар
-

Утре се избираат градоначалници во Гостивар, Маврово-Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа
-

Избега од Македонија 18 годишниот возач кој без возачка, вчера усмрти жена во Капиштец
-

Извештај на ЦУК за поплави и свлечишта во најкритичните места
-

Ризикот од поројните дождови поголем во урбаните средини
-

Штети од поплавите во кочанско
-

Од март стапува на сила поригорозен закон за заштита од пушењето - се забрануваат и електронските цигари
-

Цените на становите уриваат рекорди, ќе има ли стабилизација?
