Кривични пријави за екс градоначалниците на Ново Село и Василево
Струмичката полиција поднесе кривични пријави против поранешните градоначалници на Ново Село и Василево. И двајцата се сомничат дека ја злоупотребиле службената положба додека ја извршувале функцијата градоначалник. Според полицијата во 2015 година општината Ново Село добила 6000 литри нафта за чистење на речни корита. Од нив половината била складирана во буриња во општинската зграда, додека другата половина била преточена во цистерна на фирма од селото Мокрино чиј сопственик доби пријава за соизвршителство. Од СВР Струмица информираа дека правното лице против кое исто така е поднесена пријава подоцна ја добил јавната набавка за работата за која од нивна страна била изготвена и издадена приемница на количина од 3000 литри нафта и истата била доставена како доказ за евиденциите на општината дека нафтата е примена.
,, Откако биле источени доделените 6.000 литри нафта за потребите на општина Ново Село, првопријавениот, како Градоначалник иако била должен, ниту водел евиденција за искористените количини на нафта, ниту пак изготвил документција со што постои основано сомневање дека првопријавениот во содејство со второ и третопријавениот, се стекнал со противправна имотна корист на штета на општина Ново Село, во висина од 300.000,оо денари, истовремено во делот на предистражната постапка од страна на полициски службеници констатирано е дека се работи за фиктивна документација.,, рече Хризантема рендевска – портпарол на СВР Струмица
И поранешниот градоначалник на општина Василево доби кривична пријава за злупотреба на службената положба. То се сомничи дека во 2010 година во општината вработил државен службеник без соодветно образование.
,, Истиот иако знаел дека лицето од с.Добрашинци е без соодветно образование, на 25.06.2010 година му изготвил Решение за вработување на државен службеник .,, рече Рендевска
И двјацата поранешни градоначалници велат дека додека биле на чело на нивните општини работеле согласно законот. Тие додаваат дека овие како и претходните кривични пријави против нив се политички мотивирани и не се работи за ништо друго туку за класичен политички реваншизам.
-

Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар
