Бизнис
3. March 2018 - 16:25

Државата со поддршка за партнерите од невладиниот сектор

Државата ја презема обврската за финансирање на превентивните програми од хив. Наместо од глобалниот фонд од кој досега се финансираа овие програми , сега финансиска поддршка ќе добиваат од државата.  Една од невладините организации која веќе потпиша договор со министерството за здравство е Избор од Струмица во чии состав работи и тераписката заедница Покров. Тука  престојуваат лица што  имаат проблем со зависностите, но истовремено  функционираат и како социјално претпријатие со сопствено производство.  Во Покров денеска беа министрите за здравство и труд и социјална полтика.

,, Ние во таа смисла сме лидери во регионот затоа што сме прва земја која што со националниот буџет го преземавме финансирањето на превентивните програми од Хив. Би ја истакнал значајноста и важноста на интерсекторскиот пристап затоа што како министерство за здравство сериозно работиме во подобрување на квалитетот на лекување на зависниците.,, рече Венко Филипче – министер за здравство

,, Предвидена е мерка субвенционирање на плати каде што даваме 19 000  денари за вработување на одредени ранливи или тешко вработливи групи на граѓани.,, рече Мила Царовска министер за труд и социјална политика

 Активностите на тераписката заедница Покров минатата година добија поддршка и од УНДП.

,, Ова е извоннреден пример како може да соработува цивилното општество со други партнери во отварање на нови работни места и  во развојот на економското претприемништво.. рече Луиза Винтон – УНДП

,, На два пати користевме програми за вработување кои што за прв пат можеа и невладините организации да ги користат кои заедно ги менаџираат УНДП и министерството за труд и социјална политика,, рече Сократ Манчев – тераписка заедница Покров

Како дел од од активностите за борба против зависностите од страна на државата веќе тече формирањето на работна група која го изготвува националниот план против зависностите и достапноста на дрогите , а во рамки на националната стратегија до 2020 година.