Земјоделците се жалат цените на горивата ќе им го поскапат производството
Новите цени на горивата значително ќе се одразат врз земјоделското производство. Земјоделците велат повисоките цени на нафтата ќе имаат негативно влијание врз нивната работа и ќе ги зголемат и така високите производствени трошоци кои неколку години по ред континуирано растат. Единствениот излез за надминавање на ваквата состојба го гледаат во добивањето на најавената зелена нафта со која би можело да се ублажи ударот од зголемените цени на горивата.
,, Зелената нафта мислам дека треба што поскоро да се воведе. Ќе допринесе за намалување на висината на чинењето на самите земјоделски производи бидејќи со значителен процент влијае самата цена на чинење кај земјоделските производи со користењето на механизацијата во разните мерки што ги презема самиот земјоделски производител.,, вели РИСТО ВЕЛКОВ – СОЈУЗ СИНДИКАТ НА ЗЕМЈОДЕЛЦИ
,, Секогаш кога се качуваат нафтените деривати кои на нас ни се од корист дали за транспорт на производи, дали за орање, дали за наводнување, секогаш инпутот на вредноста на нашиот производ е зголемен.,, вели ДРАГИ ПАМУКОВ – ЗЕМЈОДЕЛСКА ЗАДРУГА ВЕГЕ ФРЕШ
Од здржението на градинари Еко Градинар велат високите производствени трошоци во кои голем дел отпаѓа токму на нафтата ги прават нивните производи неконкрентни на пазарот. Во моментов дополнител проблем бил и наглиот пад на цените на раноградинарските производи.
,, Имавме еден тренд од две недели колку толку со реалини цени, а сега од недела наваму имаме увоз од Албанија на краставица и на домата и цените рапидно паднаа надоле, значи за 50% се намалени цените.,, вели ВАНЧО МИТЕВ ЗДРЖЕНИЕ ЕКО ГРАДИНАР
Од МЗШВ информираа дека законот за зелената нафта веќе е донесен и се работи на промена на уредбата за да се обезбедат средства бидејќи се работи за нова мерка која досега не е применувана кај нас. Во исто време во платежната агенција преку која ќе се реализира мерката се прават подготовките за неопходните картички што ќе ги добиваат земјоделците. Целиот овој процес би требало да заврши најдоцна до октомври пред почетокот на есенската седидба кога се очекува да почне да се користи зелената нафта.
-

Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар
