Бизнис
15. јуни 2018 - 19:43

600 милиони денари за подобрување на руралните средини

Од вкупно 2 милијарди и 132 милиони денари предвидени во програмата за финансиска поддршка на руралниот  развој нешто повеќе од 600 милиони денари се наменети за општините и планските региони .  Овие средства локалните самоуправи и центрите за развој на регионите  може да ги користат во три области, подобрување на кавлитетот на животот во руралните средини, обнова и развој на селата, зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните подрачја.  Од центарот за развој на Југоисточниот плански регион велат дека се работи за една од најзначајните програми и средства кои во голема мерка ќе придонесат  за развој на руралните средини.

,, Ова е една од најзначајните програми не само за центрите за равој  туку и за сите општини бидејќи се работи за навистина големи проекти каде што максималната сума по проект по мерка е максимум до 20 милиони денари без ддв со што навистина може да се направи нешто големо и видливо или да се комбинираат повеќе работи и да се работи во повеќе населени места во општините. Ние, како центар минатиот пат на вториот повик имавме за прв пат можност да аплициравме и добивме проекти  од сите три мерки каде што имаше направено  реконстуркција на домови на културата,  уредување на туристички локалитети и изработка на 23 урбанистички планови.,, рече ЖУЛИЕТА ЃУРКОВА – ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ НА ЈИ РЕГИОН

Според најавите повикот за користење на средствата од програмата за финаниска поддршка на руралниот развој треба да биде објавен до крајот на месецот.  По објавувањето општините и центрите за развој на планските региони ќе имаат период од околу еден месец за аплицирање и поднесување на планираните проекти.