Нема откуп на бостан во струмичко
Површините со бостан се скоро преполовени во однос на лани, а откупот речиси во целост стагнира. Голем дел од производството сеуште е по нивите и доколку не се преземе нешто најголемиот дел од родот ке скапе, реагираат производителите на бостан од струмичкото село Колешино. Велат од десет магацини во подбеласичкиот регион откуп вршел само еден и тоа најмногу по еден шлепер дневно.
,, Некни беше пет денари, сега три до два денари дали има и тоа на прекупците. Нема никаков откуп, а ако има, има за некој, за другите нема, за пет души само, вели Ванчо Мирчев
,, Стои во нивите. Уште некое време ќе стои и може да скапе ако не се организира да дојдат од горе од министерството за земјоделие.,, вели Здравко Гуцев
,, Од лани е десеткувано производството. 60 па дури и 70% е намалена површината со бостан општо во подгоријата. Се надевавме на некоја пристојна цена од 5 до 7 денари . Значи откупот е нула и во застој, вели Панчо Тилев
Освен на слабиот окуп производителите реагираат и на ниските откупни цени кои не ги покривале ниту основните трошоци.
,, Нас три денари не не покриваат воопшто. Тука сме на нивата и ја гледаме каква е состојбата со бостанот. Бостанот ни е уништен веќе . 50 до 60% сигурно ќе ни остане на нивата. Лани се надевавме на некаков откуп, имаше некаков откуп, зедовме за трошоците пари ама таа година е многу поголема катастрофа од лани, вели Сстанислав Пујкиловиќ
Производителите на бостан од Колешино бараат итна средба со министерот за земјоделие, да разговараат и заеднички да најдат решение за надминување на состојбата. Во спротивно, земјоделците не ја исклучуваат можноста и од масовни протести и блокада на граничниот премин Ново Село.
-

Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар
