Бизнис
27. August 2018 - 19:48

Земјоделците незадоволни од ниската цена на пиперката ајварка

Откупот на црвената пиперка, популарната ајварка тече непречено, но  по цена која е на граница на рентабилноста коментираат од земјоделските здруженија.  И покарај високиот квалитет на производството,  откупот годинава стартуваше со многу пониски цени за разлика од порано  кога во овој период од годината килограм куртовска капија се продаваше за  25 денари велат земјоделците .  Годинава откупот за преработувачката индустрија започна со 18,  а продолжи со 15 денари за килограм , цена која е неисплатлива во однос на производствените трошоци велат од  здружението Кукла градинар од Куклиш. 

,, Да се вратиме ретроактивно назад ќе видиме дека секогаш биле некои цени од 25 денари куртова капија во преработувачките капацитети, а оваа година почнавме со 18 денари, а пред десет  дена сме веќе на 15 денари.

За разлика од порано кога се зборуваше за хиперпродукција, годинава состојбата е многу поинаква бидејќи количините се значително помали, дел поради намалените површини за производство,а  дел поради штетите од невремето од почетокот на јули.

,, Дојде до ситуација ако лани сме имале 65 000 тони оваа година да имаме од 40, максимум 45 000 тони куртова.

Освен кај пластеничкото,   поради неповолните климатски услови и невремето кое зафати дел од регионите што произведуваат куртовска капија големо намалување има и кај производството на отворено.  Според проценките наместо очекуваните 15 до 20 000 тони,  од овие површини  сега би требало да бидат набрани 7 до 10 000 тони куртовска капија.