Бизнис
3. December 2018 - 19:54

АХВ се подготвува за менаџирање со кризни ситуации

Преку симулациска вежба за лигавка и шап агенцијата за храна и ветеринарство ги зајакнува капацитетите и ја подобрува подготвеноста за справување во случај на итни и кризни состојби и евентуална појава на оваа болест кај животните.

И покрај тоа што болеста во државата не е регистрирана повеќе од две децении,  од агенцијата велат ваквите вежби се потребни за тестирање  на системот и планот за итни мерки.

-Тоа е проверка на нашиот план за итни мерки за справување со оваа болест и да видиме каде се недостатоците и корекциите се со цел да се стекне висока доверба на јавноста во институциите. Кога ќе се појави оваа болест што побрзо да се детектира, што побрзо и подобро да се справиме со неа и економските загуби од болеста да бидат минимални, вели Зоран Атанасов, директор на Агенциајта за храна и ветеринарство.

Симулациската вежба која се одржува  во Струмица се  реализира со поддршка од Европска комисија за контрола на болеста лигавка и шап.

Во моментов во ниту една од земјите во регионот не е регистрирана оваа болест. Најблиската држава во која има такви случаи е Турција.