Дојран очекува 10.000 гости за празниците
Дојран за новогодишните празници ќе биде полн. Организиран дочек на отворено нема да има, но затоа ќе бидат исполнети сите сместувачки капацитети. Според проценките на локалната самоуправа новата година во најјужниот туристички центар ќе ја дочекаат околу 10.000 туристи. Покрај домашните кои традиционално повеќе ги резервираат викенд куќите голема ќе биде бројката и на гостите од странство, пред се од соседните држави кои веќе резервирале во дел од хотелските капацитети.
,, Имаме добиено информација дека во одредени угостителски објекти ќе имаме претежно странски гости од соседна Република Бугарија и Грција, исто така од Србија, така што мислам дека за време на новогодишните празници Дојран ќе има голем број на странски туристи и домашни.,, вели АНГО АНГОВ – градоначалник на Дојран
И покрај тоа што организиран дочек не градскиот плоштад нема да има од општината велат дека подготвуваат богата празнична програма. Поголемиот дел од содржините кои започнуваат од овој викенд се наменети за најмладите гости .
-

Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар
