Бизнис
8. January 2019 - 22:14

Ниските температури нема да им наштетат на земјоделските култури

Поларните температури кои  во одредени региони паднаа до 20 – от  степен под нулата нема да се одразат негативно врз земјоделските култури. Според експертите снежната покривка и ниските температури се добредојдени, посебно  за житните култури. Според  д-р Ристо Вучков експерт за заштита на растенија овие температури можат да бидат знак за една добра зима, бидејќи на вакви ниски температури голем број од патогените и штетни инсекти умираат.

,, Лозарите, овоштарите не треба да бидат загрижени бидејќи таа ниска температура од – 20 во Битола, Берово и така натаму е со многу кратка експозиција и тука нема да има никакви последици негативни по тие култури. Дури би рекле дека ќе има одредени позитивни ефекти. Ние како заштитари мораме да кажеме дека позитивните ефекти ќе бидат тоа шт многу патогени и штетни инсекти при такви температури угинуваат.

Според доктор Вучков воопшто не треба да згрижува долгорочната прогноза и најавите за дополнителни врнежи од снег. Тој смета дека тие ќе бидат добредојдени за земјоделието  , и  подобрување на лошата хидролошка состојба која е резултат на  долгиот сушен период што го имамве во изминатите месеци.

,, Таа долгорочна прогноза која ја има храбри да имаме уште врнежи од снег и од дожд, нешто кое ќе придонесе да се подобри хидролошката состојба бидејчи голем од акумулациите се на техничкиот минимум.

И од министерството за земјоделие информираа дека засега нема место за загриженост од ниските температури. Од таму велат дека моменталните температури не се невообичаени и многу често  ги имало во овој период од годината.Тие  порачуваат дека заедно со Управата за хидрометеоролошки работи ќе ја следат состојбата со ниските температури и нивното влијание врз земјоделските култури и доколку се случат евентуални штети навреме ќе се реагира со соодветни мерки.