Македонија
27. July 2019 - 19:31

Астерфест во Струмица

Под мотото „Кратки резови“ во Струмица започна 14- то издание на интернационаниот филмски фестивал Астерфест.

Фестивалот беше отворен со македонската премиера на американскиот игран филм „Кожа“ кој оваа година доби Оскар за најдобар краток игран филм. Претходно беше доделена наградата Астер  за исклучителни достигнувања на филмот и телевизијата. Годинава,  добитник на ова значајно признание е македонскиот актер Данчо Чеврески.

,,Секогаш нашата работа бара некој да ја вреднува. Посебно ми е драго што тоа се случува овде кај нас и во Струмица. Крајно сум возбуден во смисол на тоа дека без оглед на тоа што тоа не ми е прва награда, меѓутоа е исклучително значајна награда“, рече Данчо Чеврески, добитник на наградата „Астер“.

Оваа година во официјалната програма на фестивалот се кратки играни, документарни и анимирани филмови  кои доаѓаат од повеќе држави. За  најдобрите и наградите  златната, сребрената и бронзената потковица ќе одлучува четиричлено меѓународно жири.