Македонија
1. September 2019 - 19:41

Зголемениот број на иселени го намали борјот на крводарители во Струмица

Дарувањето на крв во Струмица е во негатива.  Веќе неколку години по ред општинската организација на црвениот крст не е во можност да го исполни предвидениот годишен план. Ова е посебно изразено во летниот период. Анализите  покажале дека една од причините за ваквиот негативен тренд е недоволната едукација на младите генерации за придобивките од доброволното дарување крв, но свој удел во намалувањето на бројот на крводарители има и иселувањто. Последното исполнување на годишниот план на општинскиот црвен крст било во 2001 година.

,, Стоиме само на 40 до 50% реализираност на акциите и бројот на крво дарувања што е загрижувачки во однос на предвидувањето за првото полугодие. Се надеваме дека тоа ќе го зголемиме веќе во второто полугодие на годината.Добри 18 години Струмица не го исполнува крводарителскиот план, меѓутоа оваа година решивме да бидеме активни барем во летниот период.,, вели Маријана Тошева - секрерар на ОО Црвен Крст Струмица. 

За да обезбеди  доволни резерви на крв, но и да ги мотивира граѓаните што помасовно да се вклучат во акциите за дарување крв општинската организација на црвениот крст  веќе започна со едукативна кампања, но и реализација на повеќе летни крводарителски акции.  Во кампањата насловена ,,не треба да бидеш супер јунак за да станеш херој,, посебен акцент ќе биде ставен на младите.

,, Најчести крводарители се во оној период кога се средношколци, студенти и после престануваат да даваат крв. Е сега таргет ќе ни биде и помладата популација затоа што таа може подолго време да биде и активна во крво дарувањето.,, вели Тошева 

Врз основа на бројот на жители во струмичкиот микро регион во  кој влегуваат и трите рурални општини Босилово, Василево и Ново Село просечниот број на крводарители на годишно ниво треба биде 3% од населението или околу 2700. Во моментов во  црвениот крст со последната акција има регистрирано околу 1000  активни крводарители.