Македонија
3. September 2019 - 19:49

Училишни сообраќајни единици во струмичките основни училишта

Во струмичките основни училишта започаа  со работа училишните сообраќајни единици.   Во секое од девете училишта ќе функционира по една единица.

Составени се од по чест ученика,а поддршка добиваат и полициските службеници.Нивната  задача  е да го регулираат сообраќајот пред училиштата, да обезбедуваат премин на учениците преку коловозот, пред се на првачињата  , да  даваат информации на учесниците во сообраќајот, но ќе делуваат и превентивно укажувајќи и на грешките што ги прават сите кои учествуваат во сообраќајот..

Сите ученици кои се дел од единиците поминат и соодветна обука од 36 часа. За време на нивните активности учениците сообраќајци  носат и соодветна униформа со кратенки за самата единица.

Училишните сообраќајни единици се организирани од страна на општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.  Во обуката но и активностите кои ги имаат покрај полициските службенци и наставниците по техничко образование се вклучени и   инструктори од авто школите и членовите на општинскиот совет за безбедност.