Македонија
29. November 2019 - 21:48
Почна судењето за хеликоптерската несреќа што се случи во близина на Струмица
Почна судењето за хеликоптерската несреќа кој пред повеќе од пет години се случи во близина на Струмица. Откако претходно два пати беже одложувано судењето, денеска обвинителството и одбраната ги дадоа воведните зборови. Во овој случај обвинети се тогашната директорка на ЈП ,, Македонска радиодифузија Јулијана Спировска, Драгослав Радевски раководител на сектор за заеднички служби и правното лице. Тие се товарат за за тешки дела против општата сигурност.
На почетокот од судењето обвинетите се изјаснија дека не се виновни. Според нивните бранители 120 метарскиот неосветлен антенски столб, во кој удрил хеликоптерот, не е причина за загинувањето на четворицата пилоти на МВР, а вината за несреќата не може да се бара кај обвинетите. Одбраната смета дека се работи исклучиво за несреќа која се должи на повеќе фактори меѓу кои на прво место се повеќе системски слабости во организацијата на безбедноста на воздушниот сообраќај во државата и констатирани слабости кај државни институции.
Адвокатот на оштетените смета дека е најважно што конечно почна судскиот процес за хеликоптерската несреќа.
,,За нас е најбитно што конечно започна судскиот процес за оваа хеликоптерска несреќа. Очекувањата во текот на постапката се дека и во воведните говори обвинетите не го оспорија клучниот факт дека антенскиот столб, кој што е еден од четирите во државата, бил неосветлен и правните недостатоци на институционални слабости воопшто не се битни за оваа несреќа. Сметам дека во текот на постапката има сериозни докази од страна на обвинителството каде што ќе се докаже одговорноста и вината на обвинетите.,, рече Игор Мицев, адвокат на оштетените.
Хеликоптерската несреќа се случи на 10 јули 2014 година во близина на кванташкиот пазар кај Струмица . Хеликоптерот се урна за време на ноќен лет, а животот го загубија пилотите на МВР- Драган Мицев, Марјан Трајкoвиќ, Тоде Орешков и Иљо Лопатички. Во моментот на уривањето леталото удрило во антенски столб на македонската радиодифузија , а четворицата пилоти починале веднаш. Судењето продолжува во понеделник.
-

Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
